Работилница за лидерство 2012
На 26 октомври ПТПИ Скопје организираше работилница за лидерство.Работилницата беше одржана во истото време како и предходната работилница,од 14.00 до 16.30 часот во Младинскиот Културен Центар за сите ПТПИ членови.Воедно беше одржан тренинг за ПТПИ теамот.Работилницата и тренингот ги предводеше нашиот супервизор Стевица. Работилницата беше одржана со цел новите членови да стекнат искуство за да ги направат вистинските одлуки во врска со следните проекти што би ги организирале.Наставната метод беше слична како за предходните работилници,учење преку забава,вклучувајќи го традиционалното стекнување знаење преку дебата.Тренингот за ПТПИ членовите беше повторување на стекнати знаења и надоградба на истите.Игрите вклучуваа Подај ја топката,Шаховско поле и три реални ситуации во кои три тима имаа задача да направат куќичка од минимални средства во точно одредено време.Секоја игра имаше различна цел,првата да се сознае дали е подобра за тимот да има лидер или не и како да се направи најдобрата стратегија со цел тимот да покаже најдобри резултати.Втората да се научи која е улогата на лидер и неговата одговорност. Третата,според мене и најважна беше да се дефинира што е лидер,кои карактерни особини треба да ги поседува и каков вид на лидер е најсоодветен за секој тим.
По завршувањето на игрите имавме дискусија и секој можеше да го каже своето мислење околу тоа што е добар лидер.Стевица го имаше последниот збор кажувајќи го неговото мислење и неколку корисни совети, како и благодарност за пријатно завршената работилница.Искрено би можел да кажам дека секој кој беше дел од работилницата научи нешто повеќе за лидерството.