Времепловот на мојот живот, а не на мојот facebook
Се сеќавам на лектирата која ја имав во основно – времеплов. Тоа беше машината која луѓето толку напорно се обидуваат да ја креираат за да се вратат назад во времето, да сменат нешто со цел да ја изменат сегашноста или да ја променат суровата иднина. Кој би бил сопственик на времеплов тој би имал се, би го имал цел универзум, би правел измена онаму каде што би му се допаднало, би го уништил природниот тек на животот, целосно би го сменил начинот на живот. Меѓутоа долго време, времепловот никој не го поседува. Никој не бил способен во целата човечка историја да го промени времето.Времето е димензија тотално непозната за човекот, единствено што знаеме за времето е дека... тече. Никогаш нема да го вратиме и секоја секунда измината не се враќа. Велат никогаш нема да бидеш помлад од моментот во кој што си сега. А, има ли поголема вистина од тоа? Не, зошто времето е тоа што го снемуваме на крајот. Тоа е нештото што ни фали. Време е најтежинскиот збор кој човекот може да го употреби. Времето е се, времето лечи, времето убива.
И најпосле после многу години, интернетот зазема битен дел од животот на поединецот. А како главна замка – фејзбукот. И долго откако постои фејзбукот, во 2012 се појави времепловот. Изгледа на информатичарите им требало време да измислат времеплов. Е да, човекот никогаш не успеа во тоа во реалноста. Спомнете го денес на 10 луѓе зборот времеплов , ќе видите дека сите ќе го поврзат со фејзбукот. Зар толкаво значење има? Да, навистина можеме да видиме што некој направил пред две години, каква песна објавил или каков статус напишал. Но, дали тој времеплов ќе ни помогне да се вратиме во неговиот живот? За тоа ќе почекаме, ќе мора да го запознаеме. Зошто? Затоа што таа песна, тој статус, таа слика е поврзана со настан од животот, не со Интернетот.
И денес, кога некој ќе ме праша за мојот времеплов, јас застанувам за миг. Мојот времеплов не е машина која ќе ме однесе во иднината, сепак може да ме врати назад, барем во сеќавањата. Тој не е долг да се опише, сепак само сум една шеснаесетгодишничка која има многу пред себе. Ден по ден, да ме прашате ништо не ми се сменило. На прашањето како ти минуваат деновите, веројатно би ви рекла дека премногу монотоно, досадно, ужасно дури на моменти. Прашајте ме, за некој настан, за стари пријатели, за луѓето од основно, за наставничките, првата учителка. Тогаш ќе се запрам, сепак се се изменило. Времето течело, ден по ден , истата боја, истиот начин на живот, а само еден поглед наназад, ме освестува, се е различно. Нема ништо исто. Освен неколку исти пријатели, кои останале до крајот, тука се разбира и семејството. Другото се е различно. И потоа прашајте ме за времепловот на мојот фејзбук. Таму ќе најдете сепак нешто. Некоја песна, асоцијација на мојата психичка состојба во моментот, но таа е безначенска ако не ја знаете приказната зад неа. За тоа можете да се послужите со времепловот на мојот живот. Јас , без проблем би ви раскажала. Соочена со фактот што дневно поминувам повеќе време на мојот виртуелен времеплов, сфаќам дека всушност, овој виртуелен, тотално измислен времеплов, некој ден ќе биде само една бледа точка во мојот живот. Кога годините ќе изминат, а ќе изминат, тогаш ќе се присетам дека еднаш на фејзбук имало времеплов. Можеби фејзбукот нема да постои, или пак времепловот ќе биде заменет со нешто посовремено, кон тоа се стремиме нели? Тогаш, времепловот на мојот живот ќе го засени овој виртуел пат низ времето. Нема да биде важно дали сум имала 20 или 200 слики или лајкови, нема да бидат битни илјадниците пријатели, тогаш ќе биде важен животот. Моментите кои ме направиле среќна, спомените од првата љубов, дружењата со пријателите или пак малите караници со другарките и тероризирањето од родителите. А овој времеплов, кој сега ми го одзема времето, тој ќе биде одвеан од времето - ќе биде нешто како, тогаш место да одам да се забавувам надвор и да го чувствувам мирисот на летото, седев пред лап топот и ролав низ времепловот.
Јас не можам да го сменам фактот што технологијата не окупира, ни зеде се, ги уништи вистинските социјални врски. Меѓутоа можам да кажам дека, нема да ни го одземе времето. Времето ќе го врати животот во нас, на крајот сепак се ќе се сведе на “се сеќаваш ли” ... А не, нема да се сеќавам кој ми оставил лајк на новата прифилна слика, ќе се сеќавам на нешто друго, ќе се сеќавам на оној кој ме нарекол убава во живо. Јас барем знам за мене, времепловот на мојот фејзбук не е ништо друго освен минлива фаза од времепловот на мојот живот. Тој е дел, кој наскоро ќе исчезне, времето ќе го однесе, животот ќе го надрасне,а мојот вистински времеплов во себе ги содржи сите спомени, сите насмевки и солзи кои некогаш биле важни. Важни се моментите кога сме биле присутни во времето, кога сме го живееме моментот онака како што секогаш требало – сега. Времепловот на животот тоа ќе го забележи во некоја тајна, некоја невидлива книга која секогаш ќе може да ја отвориме, да се присетиме и таа нема да исчезне, таа ќе биде со нас до крајот и по крајот кога другите ќе се присеќаат на нас. Нас не ни е потребен фејзбук да не потсети, не ни треба временска машина да не врати назад во времето или да не однесе во далечната иднина, нас ни треба едноставно времето, моментот – животот.
ВТОРО МЕСТО:
АНАМАРИЈА ВЕЛИНОВСКА-Скопје
СУГС „Раде Јовчевски -Корчагин“